Almir Terzic
04 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Развојот на транспортната мрежа во земјите од Западен Балкан, односно продолжување на паневропските транспортни коридори на земјите кои тежнееат кон членство во ЕУ беше тема на разговор на 11-тиот состанок на министрите за транспорт на југоисточна Европа одржан во Тирана, јавува Anadolu Agency (АА).
На 11-тата Министерска конференција на земјите членки на транспортната обсерваторија на југоисточна Европа (SEETO) покрај претставниците на шестте земји членки од регионот, на конференцијата присуствуваа и претставници на Европската комисија односно Директоратот за проширување и транспорт.
Министрите усвоија сет на заклучоци за понатамошна работа и соработка во областа на развојот на транспортната инфраструктура, како и модифицираната сеопфатна мрежа на транспортните коридори. Конференцијата е одржана во климата на самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан, одржан во август оваа година во Виена, каде е потврдена основната транспортна мрежа.
На конференцијата присуствуваше и министерот за комунникации и сообраќај на БиХ, Славко Матановиќ, кој покрај другото додаде дека БиХ му придава голема важност на европскиот коридор 5с, но и на другите европски делници кои поминуваат низ БиХ.
Посебен интерес издвои за изградбата на делницата на Јадранско-јонскиот автопат низ територијата на БиХ, по кој би може да следи и изградба на пругата Никшиќ-Требиње-Чапљина, која е веќе усогласена помеѓу БиХ и Црна Гора, а чија студија ја финансираше ЕУ. Со Република Хрватска се водени иницијални разговори за можноста од продолжување на оваа пруга кон Книн.
Министерот на БиХ, исто така, нагласи дека во тек е изработка на претходната студија и идејно решение за реконструкција и модернизација на пругата Добој-Тузла-Брчко (Рута 9а), која би требало да ја следи и нов патен коридор Бања Лука-Добој-Тузла-Зворник со продолжување во Србија.
Министерот Матановиќ му се заблагодари на домаќинот на конференцијата, министерот за транспорт и инфраструктура на Република Албанија, и потцрта дека отворањето на регионот на Западен Балкан и негова интеграција во ЕУ како и трансевропската транспортна мрежа (Ten-T) претставува основна и заедничка цел.