Hasan Esen
18 Ноември 2016•Ажурирај: 19 Ноември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Турците што живеат во Европа ќе организираат демонстрации за осуда на тероризмот и за поддршка на демократијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Критиките кон Турција ги мобилизираа сите Турци што живеат во Европа. Турските организации од граѓанското општество заедно одлучија да организираат протести под мотото „Го осудуваме тероризмот и повикуваме на демократија“. Демонстрантите ќе носат транспаренти „ППК=ПЈД=ЈПГ=ДЕАШ=ФЕТО“. Протестите ќе се одржат в сабота, во Германија, Белгија и во Холандија.
На протестите во Белгија ќе учествуваат и приврзаниците на Турска исламска верска заедница во Европа (АТИБ), ИХХ хуманитарна организација за помош, Унија на турски здруженија, Фондација Семершах, Унија на турски демократи на Европа, Фондација за верски прашања, Меѓународната асоцијација на турски бизнисмени, Национално мислење, Фондација Хајрат, центар за семејното советување во Брисел, Зружение на емирдаглиларци во Белгија и Здружение на трабзонци во Белгија. Демонстрациите ќе се одржат во Брисел пред зградата на ЕУ, Берлемон, на улицата Ла Лои.
- „Има потреба од ваква реакција и од ваков тип на протест“
Генералниот претседател на Здружението на меѓународни турски бизнисмени (УРАИД), Мустафа Акѓун истакна дека како членови, тие ќе помогнат и со своето учество во демонстрациите, и финансиски. „Турците што живеат во Европа се револтирани поради критиките, коишто немаат врска со вистината, и поради поддршката за тероризмот. Затоа, во овој момент навистина има потреба од ваква реакција и од ваков тип на протест“.
- „Сакаме да заземеме став со кој ќе им одговориме“
Претседателот на Центарот за семејно советување Брисел (ФАМИС), Текин Дениз, истакна дека се води голема пропаганда за оцрнување на Турција. „Оваа оцрнувачка кампања е намерна и е диригирана на професионален начин од одредени центри. Покрај непријателите на Турција ПКК, ДЕАШ и ФЕТО, и другите терористички организации на големо се обидуваат да ја забават Турција.
А ние, пак, во главниот град на Европа, во Брисел сакаме да заземеме став со кој ќе им одговориме. Затоа, заедно со другите невладини и граѓански организации ќе учествуваме во демонстрациите“.
- „Секој што ја сака својата татковина и својот народ, сакаме да го видиме на плоштадот“
Претставникот на Фондацијата Семершах во Белгија, Мустафа Чорекчиоглу истакна дека ќе учествуваат во демонстрации те за да излезат во пресрет на турската држава и на турскиот народ. „Секој што ја сака својата татковина и својот народ, сакаме да го видиме на плоштадот“ рече тој.
Претставникот на АК Партијата во Брисел, Рухи Ачикѓоз рече дека тие што ја сакаат Турција, поради последните настани чуствуваат дека треба да се соединат и дека ова е многу важно за нив. Тој рече дека како претставник на АК Партијата не учествувал во организирањето на демонстрациите, но дека в сабота ќе биде на плоштадот. Тој исто така рече дека слободното движење на терористичките организации поттикнува во Турција големо незадоволство од Европа.