Ömer Kılıç
18 Ноември 2016•Ажурирај: 18 Ноември 2016
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Во Мозамбик се случи експлозија на танкер што пренесувал гориво, во која загинаа седумдесет и тројца, а сто лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста во печатот на Јужна Африка, во близина на границата на Мозамбик со Малави, се случила експлозија на танкер што пренесувал гориво.
Во пристанишниот град Беира во Мозамбик се случила експлозија при транспортот на гориво кон Малави, при што загинаа седумдесет и тројца, а сто лица се ранети. Ранетите се префрлени во локалните болници.
Танкерот во почетокот на несреќата се превртел. Се вели дека експлозијата ја предизвикале лицата кои се обидувале да ја извлечат нафтата од превртениот танкер.
Поради сушата и недостатокот од храна, Мозамбик е познат како една од најсиромашните земји во светот.