Çiğdem Pala,Halil İbrahim Başer
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
ИНСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган на повикот на Европска унија (ЕУ) во Турција првин да го смени законот за тероризмот за да го добие безвизниот режим истакна дека неговата земја е изложена на терористички напади од сите страни, јавува Anadolu Agency (AA).
„Додека Турција е изложена на директни и индиректни напади на терористичките организации и нивните помагачи од сите страни, Европската унија ни вели ' сменете го законот за тероризам за да добиете безвизен режим'. Зошто вие не го смените важето размислување, додека им допуштате на терористите пред Европски парламент да поставаат шатори? На терористите ќе им овозможиш да постават шатори и тогаш ќе речеш дека тоа го правиш во име на демократијата. Ни велат 'ќе ви ги укинеме визите под овој услов, ова ќе го смените ...' Извинете, ние одиме по својот пат, а вие одете по вашиот пат. Договарајте се со оние со кои можете да се договорите", рече Ердоган.
Во текот на обраќањето на отворањето на зградата на општината Ејуп во Истанбул, Ердоган истакна дека терористите кои убиваат недолжни луѓе, сечат глави, силуваат, палат и рушат, се најголемите непријатели на исламот и исламската цивилизација.
„Терористите кои убиваат невини луѓе, сечат глави, силуваат, палат и рушат, се најголеми непријатели на исламот и исламската цивилизација. Муслиман не е оноj кој руши, туку оној кој гради, муслиман не е оној кој одзима живот туку оној кој го цени, муслиман не е оној кој мрази туку оној кој сака и почитува. Причината за ширење на исламот во сите земји каде што се прошири не беше освојување на територија, туку освојување на срца", изјави Ердоган на свеченоста по повод отварањето на новиот објект на истанбулската општина Ејуб.
Нагласи дека муслиманот, односно, лице које рече, гради, а не руши, оживува, а не убива, заговара љубов наместо непријателства.