Murat Temizer
03 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
БАКУ (АА) - Транс Анадолискиот Гасоводен Проект (ТАNAP) ќе биде завршен и ќе почне да функционира пред 2018 година, порано отколку што беше проценето, рече денес турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јавува Anadolu Agency (АА).
Давутоглу одржа прес-конференција заедно со азејберџанскиот претседател Илхам Алијев во главниот град на државата, Баку.
„Ние се договоривме изградбата на TANAP да заврши и порано од 2018 година“, рече Давутоглу, без да даде одредени детали за тоа како.
TANAP е интегрален дел од поголемиот Јужен Коридор за гас, кој се очекува да пренесува 16 милијарди метри кубни гас од Азејберџан до Европа преку Турција, стартувајќи од 2018 година.
Капацитетот на проектот се планира да достигне 23 милијарди метри кубни а 31 милијарда метри кубни до 2026 година.
„Ние сме пријатели и браќа со Турција и наша главна извозна рута ни е преку Турција“, рече Алијев и додаде дека „Азејберџан ќе го пренесува својот природен гас преку/на Турција кон Европа“.
Турција 92 отсто од своите потреби за нафта ги покрива преку увоз како и 98 отсто од своите потреби од природен гас. Азејберџан, со своите големи резерви на јаглеводород во Каспискиот регион, е од стратешка важност за Анкара, бидејќи двете страни имаат посебни односи кои се базираат на заедничкото етничко и историско минато.
Турција игра клучна улога за Азејберџан во транспортирање на богатството со јаглеводород кон Европа.
Други проекти кои веќе се во функција помеѓу двете земји се нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан (BTC) и гасовод Баку-Тбилиси-Ерзурум (BTE) .
The BTC pipeline has a capacity of 1.2 million barrels per day and delivers Azeri light crude through Georgia to Turkey's Mediterranean port of Ceyhan for further export via tankers.
Првата линија, (BTC) нафтоводот има капацитет од 1,2 милиони барели на ден и ја пренесува лесната сурова нафта преку Грузија кон турското пристаниште на Mедитеранот, Џејхан за понатамошен транспорт со танкери.
Во врска со санкциите на Русија, Давутоглу изјави дека Турција не ѝ наметна санкции на Русија кога сите други го сторија тоа: „Она што Русија го прави сега е контрадикторно со сето она што го имаме направено за неа.“