Nuran Erkul
29 Ноември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
СУЛЕЈМАНИЈА (АА) – Резервите на природен гас во областа на Курдската регионална влада во Ирак се доволни за задоволување на потребите и на Турција и на Европа, изјави денес шефот на Парламентарната комисија за индустрија и енергија на Курдската регионална влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Природниот гас од Курдската регионална влада се планира да се достави до Турција и Европа до 2017 година.
Резервите на гас во Ирбил, Духок и Сулејманија се проценети на над 162 билиони м3, но би достигнале близу 226 билиони м3доколку спорните области помеѓу Курдската регионална влада и ирачката централна Влада во Багдад, вклучувајќи го и Киркук, ги здружат силите со регионалната влада.
Зборувајќи со Anadolu Agency (AA), Џевдет Шерко, рече дека Турција и Курдската регионална влада имаат стратешки договор во однос на испораката на гас во 2017 година.
„Курдскиот гас ќе стигне до Европа преку Турција. Турскиот регион може да ја пополни празнината создадена од рускиот прекин на гас за Европа“, рече Шерко.
Шефот на Енергетската комисија на Сулејманија, Галип Мухамед, рече дека Сулејманија е најбогатата покраина во регионот во однос на резерви со природен гас од 5 милиони м3.
„Сулејманија располага со 80 отсто од резервите на природен гас во областа на Курдската регионална влада“, рече тој.
Мухамед, исто така, рече дека гасот од Сулејманија е со најдобар квалитет во регионот но сè уште не е детално проценет.