НОВИ ПАЗАР (АА) - Медин Халиловиќ
Нови Пазар е град со највеќе млади луѓе, но и невработени во Србија и во регионот. Половина население во најголемиот санџачки град (53 проценти) официјално е без работа.
Во овој град, младата популација сочинува половина од населението, поради што Нови Пазар веќе три години ја носи неофицијалната титула еден од најмладите градови во Европа.
- Тешко до работа -
Наоѓање сигурна и добра работа е една од главните преокупации, особено на младите. До работа, како и во повеќето места во регионот, се доаѓа тешко и покрај квалификациите и стекнатото знаење. До работа во државните институции тешко се доаѓа, а за приватниот сектор, барем оние со факултетските дипломи, потешко се одлучуваат.
Примерот на студентката на докторските студии по биомедицина на Државниот Универзитет во Нови Пазар, Неркеса Дрековиќ е можеби еден од највпечатливите. Таа е само една од илјадници млади во Санџак кои не можат да најдат работно место. Основните студии ги заврши со просек 9,9 . За работа како наставник или професор во некоја од новопазарските училишта од тамошните директори одбиена е 6-7 пати. Тоа ја поттикнало да ги заврши мастер студиите на Природно-математичкиот факултет во Нови Сад и да ја продолжи академската кариера.
„Кога ќе отидам на разговор, најчесто се бара да имам некаква добра врска за да се вработам, а јас ниту имам добра врска ниту звучно презиме. Упорно конкурирам, но упорно ме одбиваат" , раскажа Неркеса во разговор за Anadolu Agency (AA).
Прашана што мисли за тоа како е можно некој успешен како таа да биде одбиен за работа како професор, одговара дека е пресудно членството во некоја политичка партија.
- Знаењето на прво место -
„Повеќе пати ми е кажано, доколку имам некој од партија да се јави и дека дури тогаш можам да добијам работа. Кога ќе им речам дека имам најголем просек од сите пријавени, на нив тоа им е смешно, како тоа повеќе да не се гледа, просекот не е важен важни се некои други работи" , раскажа Неркеса.
Инаку, таа доаѓа од Тутин каде не можеше да оди на стручна пракса, бидејќи немаше ментор со поголема стручна спрема од неа. Неркеса и понатаму бара работа, но вели дека не се кае поради вложениот труди во знаењето.
„Учев за да стекнам знаење, тоа ми беше на прво место. Се надевам дека еден ден тоа ќе се исплати. Веројатно тогаш ќе имам предност во однос на оние кои се партиски активни" порача оваа млада жена.
Од градската управа на Нови Пазар, како и од локалната Канцеларија за млади, не најдовме соговорник за темата невработеност на младите во овој град.
Од друга страна, особено студентите во Нови Пазар сметаат дека тие претставуваат голем потенцијал за иднината на градот, но и дека "перспективата не им е златна" .
„Голема предност на Нови Пазар е што има најголем број на млади во Србија и регионот. Ќе се обидам во рамките на своите можности" , вели студент на Правниот факултет Демир Црновршанин.
Неговата колешка Минела Куртовиќ, која е исто така еден од истакнатите студенти на Државниот универзитет во Нови Пазар, смета дека стапките за високата невработеност не се реали, бидејќи, како што вели, се работи за доброволна невработеност.
„Не би го издвоила нашиот град како единствен кој го зафатила кризата", смета Минела и планира по завршувањето на студиите да стане адвокат или преку приватна работа да обезбеди егзистенција.
Ангела Трифуновиќ, студент по српски јазик и книжевност, иднината на младите во својот град ја гледа како светла, само во случај доколку младите бидат поактивни. Според неа, државата, локалната самоуправа стануваат се посвесни колкаво богаство има во Нови Пазар.
„ Многу лесно нашиот град би можел да достигне едно пристојно ниво на вработеност во однос на останатите градови во Србија. Што се однесува до мојата егзистенција, највеќе би сакала да останам во својот град и да допринесам во описменување на младите" рече таа.
Мирза Ашчериќ, студент по мастер студии на рехабилитација, рече дка состојбата на секој оној кој се надева дека после поминати 4-5 години на факултет ќе обезбеди сигурна работа.
„Од година во година се е потешка состојбата и помалку има работа за младите. Повеќето наши политичари во јавноста ја користат фразата дека сме град на младите, поради тоа треба да имаме најголема перспектива. Познавајќи ги другите, сметам дка тука имаме лоша перспектива" нагласи Мирза.
Според официјалните податоци на Националната служба за вработување во Нови Пазар има повеќе од 24 илјади невработени, од што 18 илади активни баратели на работа и тој тренд во последните неколку години не се промени.
- Работа се почесто бараат и високообразовани лица -
Од вкупниот број на невработени, млади од 18 до 30 години чинат околу 25 отсто, број на високообразовани баратели на работа се зголемува но и нивната квалификациона структира се подобрува од година во година.
Аида Бојаџиќ од Филијалата на Националната служба за вработување истакнува дека младите со разни програми им се олеснува можноста за вработување, исто така и со издвојување на средства за младите се поттикнува покренување на сопствен бизнис.
Во Нови Пазар најчесто се нуди работа во текстилната индустрија, потоа работници во производство на медел, комерцијалисти на терен и агенти за осигурување, а на бирото за вработување има највеќе од оние со основно образование.
„ Работодавачите најчесто бараат работно искуство и практично знаење, познавање на англискиот јазик, работа на компјутери, комуникативност, фкелсибилност, брзина во извршување на работата. Највеќе се жалат дека младите немаат желба и амбиција да ја научат таа работа. Потребна им е секогаш додатна обука и мотив за да станат дел од производствениот процес" , наведе Бојаџиќ, презентирајќи ги резултатите од анкетата со работодавачите.