Fatjon Prronı
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Високоранкирани полициски функционери се меѓу 18-те уапсени утринава, во акција за апсење на вклучените во т.н „паралелна држава“ во Турција, изјавија полициски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициската акција истовремено се одвивала во 13 покраини, вклучувајќи го Истанбул и главниот град Анкара. Акцијата била фокусирана на високоранкирани полициски функционери кои се вмешани во „паралелната држава“, или Ѓуленовото движење.
„Паралелната држава“ е дефинирана како тајна група на турски бирократи и високи функционери, од државните институции, вклучувајќи го судството и полицијата.
Во рамките на истрагата во врска со „паралелната држава“, која започна на 22 јули, Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул издаде наредба за апсење на 27 полициски службеници.
Тимови од истанбулскиот Оддел за криминал и финансиски криминал изведе операции во 13 покраини, приведувајќи 18 полициски службеници.
Меѓу нив се: поранешниот директор на оддел од Директоратот за криумчарење и организиран криминал (KOM), Мехмет Јешилкаја, неговиот заменик, Осман Балџи, поранешниот директор на одделот, Алпаршлан Чалишкан, поранешниот заменик директор на Одделот за борба против криминалот, Јасин Топчу и полицискиот началник Мехмет Акиф Унер.
Уапсените се товарат за земање учество во заговорот „паралелна држава“ раководен од Фетула Ѓулен, исламски проповедник со живеалиште во САД кој раководи со мрежа уčилишта и комерцијални претпријатија во Турција и низ светот.
Истрагата за „паралелната држава“ од 2014 година покажа вмешаност на стотици државни службеници, вклучувајќи јавни обвинители, уапсени или прераспределени.
Поранешниот заменик директор на истанбулската полиција, Хамза Тошун не е најден во неговиот дом.
Операцијата продолжува.