Diyar Güldoğan
09 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека сака интернационални експерти за прегледување на црната кутија за рускиот SU-24, соборен поради нарушување на воздушниот простор, на 24-ти ноември, јавува Anadolu Agency (АА).
Путин ги објави овие информации во текот на состанокот со министерот за одбрана Сергеј Шоигу доцна синоќа, кој му го покажа пронајдениот снимач на летот на рускиот претседателот Путин.
На 24-ти ноември, турските ловци F-16 соборија неидентифинуван авион, кој Русија подоцна рече дека е руски SU-24 бомбардер. Анкара објави дека леталото го нарушило тускиот воздушен простор и покрај повторените предупредувања.
Шоигу рече дека Русија сега го зголеми интензитетот на возушните напади во Срија и изведува огромни воздушни напади со проектили, користејќи ги Tu-22 стратешки бомбардери од руската територија.
„За прв пат, лансиравме крстосувачка ракета Калибр од подморницата Ростов на Дон, која се наоѓа во Средоземното Море“, рече тој.
Шоигу рече дека и авијациската и подморничката флота биле „успешни“ во погодувањето на нивните мети.
„Го тестиравме лансирањето на проектилите и нивниот лет, осигурувајќи се дека се точни во погодувањето на метите, т.е двa големи терористички објекта во Рака, Сирија“, рече тој.