Ilkay Guder
09 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Заменик премиерот на Турција, Нуман Куртулмуш, изјави денес во Анкара дека присуството на турската војска во северниот дел на Ирак од самиот почеток е во сoгласност со договорот помеѓу Анкара и Багдад, јавува Anadolu agency (АА).
„Од самиот почеток сè е во согласност со договорот на Владата на Ирак со Владата на Република Турција. За да се надмине последното прашање, турскиот министер за одбрана разговараше со ирачкиот колега, турскиот премиер му пиша на ирачкиот премиер. Станува збор за планска воена обука и Турција веќе подолго време е присутна таму“, рече Куртулмуш во текот на своето гостување во уредничкиот деск на АА.
Турската војска соопшти дека обуката на Пешмерга ја спроведува во четири покраини во северниот дел на Ирак. Портпаролот на владата на курдската самоуправа во северниот дел на Ирак, Шефин Дизаји, ги потврди овие наводи.
Турските сили кои во петокот влегоа во Ирак ги заменија колегите кои ја завршија својата смена. Досега, над 2.500 припадници на силите на Пешмерга ја поминале програмата за обука на турските сили.