Burcu Arik
10 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и британската премиерка Тереза Меј остварија телефонски разговор доцна синоќа, се вели од кабинетот на претседателот, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерите дискутираа за мировните преговори за Сирија и за процесот на обединување на Кипар, како и за прашања поврзани со ЕУ и билатералните односи, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Ердоган и Меј ја нагласија важноста на унапредување на билатералните односи во секоја област, додава изворот.
Во соопштението од Даунингстрит се вели дека премиерката Меј разговарала со Ердоган и ја изразила својата желба за продлабочување на соработката за широк спектар на прашања, нагласувајќи ја важноста на силното безбедно партнерство.
Меј ја поздрази конструктивната улога на Турција во помагањето да се воспостават зони без судири преку разговорите во Астана.
Двајцата лидери ја потврдија својата желба за истражување на можностите претставени со Брегзит, се додава во соопштението.
Меј и Ердоган ќе се состанат на самитот на НАТО во Брисел, кон крајот на овој месец.