Can Erözden
11 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Според воени извори, неутрализирани се деветмина осомничени терористи на ПКК во два одделни судира во Турција денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во првиот судир со безбедносните сили во југоисточната покраина Хакќари, неутрализирани се седуммина осомничени терористи на ПКК“, вели изворот.
Според изворот, кој зборуваше под услов на анономност, во друг одвоен напад, неутрализирани се двајца други терористи на ПКК во покраината Ширнак. Осомничените наводно планирале да извршат атентат врз обласниот управител, Ахмет Аданур.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија. Припадниците на ПКК, на 15 август 1984 година ги изведоа првите оружени терористички напади во југоисточните турски покраини Хакќари и Сирт. Тие својата воена кампања против Турција ја обновија во јули минатата година.
Од јули минатата година, во терористички напади на ПКК загинаа над 700 припадници на турските безбедносни сили, а во акциите што интензивно од декември ги водат турските сили, убиени се над 8.000 терористи.