Diyar Güldoğan
11 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, на 26 и 27 октомври ќе се состане со американската главна обвинителка Лорета Линч, за да дискутираат во врска со официјалното барање на Турција за притворање на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ќе патувам за САД на 25 октомври. Имаме средба со главната обвинителка на 26 и 27 октомври“, изјави Боздаг денес, за новинарите во Парламентот.
„Главната агенда на посетата се правните документи поднесени до САД за основачот и лидерот на терористичката организација ФЕТО и нашето барање за привремено притворање во врска со обидот за државен удар“, изјави Боздаг.
Ѓулен е обвинет за водење долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во армијата, полицијата и во судството, формирајќи таканаречена паралелна структура.
Првото официјално барање на Турција за притворање на Фетула Ѓулен до САД беше издадено на 13 септември.