Mümin Altaş
12 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Турција, Нуман Куртулмуш, како гостин на уредничкиот деск на Anadolu Agency одговараше на прашања од дневната политика.
Вицепремиерот Куртулмуш на прашањето за нападите од страна на терористичката организација ПКК го даде следниот одговор: „Во минатото имаше народ што не ја поддржуваше организацијата, но гласаше за партијата што е блиска со нив. Организацијата тоа го гледа. Затоа таа организација врши напади врз нашите браќа, членови на АК партијата. Всушност, нивна основна цел е отстранување на граѓанската политика“.
- „Стотици илјади Курди избраа страна“
Вицепремиерот Куртулмуш рече дека терористичката организација своите закани ги темели на племенска основа.
„Сѐ уште едно од највлијателните нешта во социјалниот живот во источна и југоисточна Анадолија е постоењето на племиња. Поголем дел од племињата во изминатите денови се сретнаа во Ван и рекоа дека се против тероризмот и против ПКК. Тие се договориле дека се за единството на нацијата, дека се покрај одредбите и законите и дека се на страната на турската држава. Тоа значи дека стотици илјади Курди избраа страна. Тоа многу ја вознемири и ја исплаши терористичката организација“, рече тој.
- „Присуството на Турција во Башика е легитимно“
На прашањето за присуството на турските војници во Башика, Куртулмуш изјави:
„Присуството на Турција во Башика е легитимно. Сѐ додека има потреба, ќе продолжи нашето присуство во Башика“.
На барањето да ја прокоментира изјавата на ирачкиот премиер Хајдар Ал-Ибади, кој побара повлекување на турските сили од Ирак, Куртулмуш одговори:
„Присуството на турските сили е со цел да му се даде поддршка на народот во Мосул. Доколку меѓународната заедница и ирачката Влада навистина водат војна против терористичката органзиација ДЕАШ, тогаш приоритет би требало да биде неколкугодишната борба за ослободување на Мосул. Турција е присутна таму со таа цел, да му даде поддршка на народот на Мосул“.
Курлулмуш истакна дека би било грешка доколку биде повикана друга терористичка организација во борбата за спасување на Мосул од терористите на ДЕАШ:
„Доколку настојувате да го спасите Мосул од ДЕАШ и притоа ги повикате терористичките организации ПЈД и ЈПГ, или некоја друга вооружена група, за жал, тоа нема да донесе мир и нема да ги реши проблемите во Мосул“.
- На раб од почеток на голема војна
Вицепремиерот на Турција, Куртулмуш, одговарајќи на прашањата од дневната политика, рече дека сите војни преку посредници имаат свој крај и дека војната преку посредници во Сирија одамна ги надминала своите рамки.
„Доколку војните преку посредници продолжат, тогаш морам да зборувам отворено, САД и Русија дојдоа до точка на војна. Со други зборови, се наоѓаме на работ од почеток на голема регионална и глобална војна“, рече Куртулмуш.
- „Одново се подгрева исламофобијата“
Куртулмуш истакна дека САД има големи социјални проблеми: „За жал исламофобијата повторно се подгрева во САД, како што тоа беше по настаните од 11 септември, прикажувајќи го исламот во темно издание и поставувајќи го пред американското опшество“.
Во врска со ситуацијата во Сирија, Куртулмуш рече:
„Сирија им припаѓа на Сиријците. Не е потребно ние да го советуваме сирискиот народ како да управува со својата земја. Ниту режимот на Асад, Американците, Русите, Иранците не се оние што треба да даваат совети за тоа. Одлуката како ќе се управува со државата ќе ја донесе сиријскиот народ“.