Dejan Maksimoviç
16 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Додека најголем дел од граѓаните на Велика Британија се плаши од студениот бран кој би требало островот да го погоди во текот на овој викенд, жителите на велшкото село Еглвиср се радуваат на временската прогноза, која за нив предвидува период без дожд. Всушност, жителите на ова село дури 81 ден по ред не можеле да излезат надвор без чадор, бидејќи дождот непрекинато паѓал, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештаите на британските медиуми, метеоролозите најавуваат обилни снежни врнежи во скоро цела Англија и Шкотска, делови на Северна Ирска и Велс. Температурите би можеле да паднат и до минус десет степени. Оваа вест доаѓа откако голем број жители на британскиот остров се опоравуваат од неодамнешните поплави кои ги погодија.
Жолто предупредување за снежни врнежи е издадено за јужна и централна Шкотска, како и за северна Англија.
Но, за жителите на Еглвиср, извесно е здивнувањето од дождовните врнежи кои траеја непрекинато 81 ден. Сепак, тоа не е рекорд во континуираните врнежи од дожд во Велика Британија. Рекордер е местото Isle of Islay во Шкотска каде што во 1923 година дождот непрекинато паѓал 89 дена.