Erdoğan Çağatay Zontur
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
ИЗМИР (АА) - Турските безбедносни сили приведоа 36 лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откриено е дека осомничените биле во контакт со припадници на ФЕТО преку фиксни телефонски линии и телефонски говорници, додадоа изворите под услов на анонимност.
Вкупно 47 осомничени, меѓу кои 34 воени лица во акивна служба, беа приведени на 18 август во операции во западната турска област Измир.
Осомничените беа изведени пред Судот, кој ослободи 11 од нив.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои припадници во турските институции, особено војската, полицијата и во судството.