Fırat Taşdemir
04 Јуни 2021•Ажурирај: 05 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Пожар избувна доцна синоќа во центар за производство на хемикалии во главниот град на Турција, Анкара, предизвикувајќи значителна материјална штета, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот избувна во населбата Маџункој во подрачјето на Јенимахале и се прошири на блиските блокови, а густ црн чад ја покри областа.
Голем број полицајци, пожарникари и спасувачи беа испратени на местото на пожарот.
Нема пријавено повредени или починати.
Надлежните работат на откривање на причините за избивање на пожарот.