Erdoğan Çağatay Zontur
22 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
ВАН (АА) - Турските безбедносни сили денес запленија над 1,5 милиони стебла канабис во источна Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Канабисот е запленет во рамките на операцијата против наркотици спроведена од тимови на жандармеријата во руралното подрачје на турската област Ван, со цел да се запре трговијата со дрога на терористичката организација ПКК и да се изведат сторителите пред лицето на правдата, се вели во соопштението на гувернерот на областа.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои жени и деца.