Sertaç Bulur
07 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа терорист во југоисточна Турција, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека терористот бил неутрализиран во подрачјето на Ширнак и планината Џуди, југоисточна Турција, како дел од операцијата „Ерен-13“.
Во операцијата, која продолжува во регионот, запленето е и оружје.
Иако не беше прецизирано на која терористичка организација ѝ припаѓа терористот, во источна и југоисточна Турција активна е терористичката организација ПКК.
Операцијата „Ерен“ наречена по Ерен Булбул, 15-годишно момче кое терористите на ПКК го усмртија на 11 август 2017 година, започна во јануари оваа година со цел елиминирање на сите терористи во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на најмалку 45.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.