Hamdi Yıldız
28 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
ТУНИС (АА) - Најмалку пет лица загинаа, а 37 се повредени во железничката несреќа што се случи во Тунис, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила на железничкиот премин во подрачјето Набила, кога патничкиот воз се судри со автобус.
Од Министерството за здравство потврдија дека загинале пет лица, а 37 се повредени. Повредените патници се сместени во различни болници во близина на местото на несреќата.
На местото на несреќата беше и претставникот на претседателот на државата, Омер Ел Ханин, кој за АА истакна дека несреќата се случила во 6:10 часот по локално време.
Патничкиот автобус, кој учествуваше во сообраќајната несреќа, е од Небил, Тунис. Ханин истакна дека на железничкиот премин не работела сигнализацијата и дека истрагата за овој настан е се уште во тек.