Hamdi Yıldız
12 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
ТУНИС (АА) - Најмалку шестмина загинаа во судирите меѓу силите за безбедност и терористите во Тунис. Во судирите загинаа двајца припадници на безбедносните сили и четворица терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Тунис се наведува дека судирите мегу силите за безбедност и терористите се одвивале во регионот Самар.
„Добивме известување дека терористите се кријат во еден напуштен станбен објект, по што таму беа испратени силите за безбедност. Во судирите е убиен еден терорист, додека при приведувањето на вториот, терористот ја активирал експлозивната направа на себе и убил двајца војници“, се вели во соопштението.
Од друга страна, во судирите со терористите во областа западно од главниот град Тунис, убиени се двајца терористи.