Satuk Buğra Kutlugün
12 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
АНКАРА (АА) - НАТО ќе распореди 4.000 војници на својата Источноевропска граница преку т.н „ротациски систем”, изјави вчера за новинарите американскиот заменик државен секретар, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот заменик-државен секретар, Антони Блинкен, го потврди тоа преку телеконференциска врска.
„Предизвикот во Источна Европа доаѓа од руската агресија на Украина, која го наруши суверенитетот и интегритетот на независната демократска нација, и ја наруши визијата на Европа која се базираше на мир за кој работевме со децении за да стане реалност”, изјави Блинкен.
„Ова не е трајно присуство, тие таму ќе бидат континуирано според системот на ротирање. Тоа значи дека војниците ќе бидат распоредени на неколку месеци а потоа тие ќе се вратат и ќе бидат веднаш заменети со друга група”, додаде тој.
Украина и Русија во 2014 година постигнаа договор за сеопфатен прекин на огнот со цел ставање крај на војната во регионот Донбас во Украина. Но договорот од Минск имаше слабо влијание на конфликтот.
Ескалирањето на конфликтот минатиот месец предизвика загриженост за иднината на договорот.
Според извештајот на ОН, над 9.300 лица се убиени во последните две години во источна Украина.
„И покрај прекинот на огнот во Украина, кој што стапи на сила од месец септември, извештајот на ОБСЕ објави вкупно 30.000 насилства, т.е 4.000 насилства извршени во текот на само еден ден; тоа се случи на 14-ти април 2016”, изјави Блинкен, повикувајќи се на Организацијата за безбедност и соработка на Европа.
Потврдувајќи ја позицијата на САД во врска со руската агресија на Украина, Блинкен рече: „потегот што Москва го направи во Украина се заканува да биде нов преседан на европско тло, каде што одеднаш одредени интернационални приципи стануваат предмет на дебата, а не треба да бидат”.
„Тие принципи се состојат во тоа границите и територијалниот интегритет на една земја не смеат да се менуваат преку сила, туку тоа е наследено право на нејзините граѓани во една демократија, тие да решаваат за иднината на својата земја, а не некој друг. Овие принципи ја пречекорија Украина, ја пречекорија Европа”, рече тој.
- „Главната цел е да се сочува Сирија како целина и да се има политичка транзиција која ќе донесе кредибилна влада”-
Запрашан за тоа дали доаѓа в предвид формирање курдска држава во Сирија, Блинкен го повтори ставот на САД по тоа прашање.
„Ние сакаме обединета Сирија која ќе биде една целина, која ќе си ги сочува своите институции и која ќе има секуларна власт во која сите заедници во Сирија ќе имаат подеднакви права”, рече тој. „Тоа е целта”.
Сирија е втурната во жестока војна уште од 2011 година, кога режимот на Асад презеде неочекувани жестоки мерки против про-демократските протести.