Atila Altuntaş
28 Септември 2022•Ажурирај: 29 Септември 2022
СТОКХОЛМ (АА) ‒ Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линд, изјави дека Шведска наредната недела ќе испрати делегација од Министерството за внатрешни работи во Туркије на разговори за НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Разговорите на Стокхолм со Анкара продолжуваат без никакви проблеми“, изјави Линд за државната новинска агенција ТТ.
Линд рече дека очекува Туркије да го одобри членството на Шведска во НАТО, додавајќи дека се сретнала со нејзиниот турски колега Мевлут Чавушоглу во рамките на минатонеделното Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.
„Ги разгледавме преговорите, сѐ оди добро“, изјави Линд. „Ние се придржуваме до договорот“, додаде таа.
Тројниот Меморандум беше потпишан од Туркије, Финска и Шведска на Самитот на НАТО во Мадрид на 28 јуни.
Првиот состанок на Постојаниот заеднички механизам формиран според Меморандумот се одржа на 26 август во Вантаа, Финска.