Zeynep Beyza Kılıç
28 Септември 2022•Ажурирај: 01 Октомври 2022
АНКАРА (АА) ‒ Цената на природниот гас за мегават/час во Европа денеска се зголемија за 12,8 отсто на 209,88 евра (200,71 долар), покажаа најновите податоци на пазарот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Цената на природниот гас на ТТФ, виртуелна платформа за тргување со природен гас со седиште во Холандија, во средата во 10:35 часот по локално време изнесуваше 209,88 евра за мегават/час, што е за 12,8 отсто повеќе од претходниот ден кога цената беше 186,09 евра.
Цените на гасот се зголемија откако данските власти во понеделникот пријавија истекување од гасоводот во близина на островот Борнхолм во Балтичкото Море.
Данската агенција за енергетика потврди дека се откриени три истекувања на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“.
„Северен тек 2“ се протега паралелно со првиот гасовод, и тој е во руска сопственост. Изграден е во септември 2021 година, но не е пуштен во функција, бидејќи Германија одби да го одобри. Проектот во потполност е запрен само неколку дена пред почетокот на руската војна против Украина на 24 февруари.
Русија го запре протокот од гасоводот „Северен тек 1“ на 31 август.