Uğur Ertaş
06 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Изградбата на гасоводот за транспорт на присоден гас од покраината Киркук во Курдистанската регионална влада во Ирак, кон Турција започна, изјави денес Неџат Хусеин, член на Енергетската комисија на градскиот Совет на Киркук, јавува Аnadolu Agency.
"Изградбата на гасоводот започна по состанокот помеѓу локалните власти на Киркук и Курдистанската регионална влада, но не знаеме кога ќе биде завршен", изјави Хусеин за AА.
"Природниот гас е голем извор на приход за нашиот народ кој има одреден удел во гасот на Киркук", рече тој.
Гасоводот ќе пренесува природен гас кој ќе се црпи од изворот Бeј Хасан во гратчето Дибис, на 83 километри северозападно од Киркук.