?????
06 Јануари 2016•Ажурирај: 07 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу, изјави дека Русија заедно со сирискиот режим на претседателот Башар ал-Асад и стана соучесник во свирепото и варварско бомбардирање и убивање на невини сириски цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
"Му се обраќам на целиот свет и на сите совесни луѓе. Не може веќе немо да се набљудува бомбардирањето и убивањето на невини цивили во Азаз, на планината Туркмен, во Бајирбуџак и други региони во Сирија, кои се мета на нападите на сирискиот режим и неговите сојузници. Не може веќе немо да се гледа страдањето на нашите браќа кои бегаат пред теророт на ДАЕШ", порача Давутоглу во текот на обраќањето на денешниот собир во Конгресната сала АТО во Анкара, на кој се претставени планираните проекти за следниот период во тој регион.
Нагласувајќи дека Турција никогаш не се согласила на тоа загрозените и невини цивили да ги препушти на злото, но дека остатокот од светот е нем набљудувач, Давутоглу рече дека светот го спомнува страдањето на сирискиот народ само со објавување на ужасни фотографии во весниците, како оние со малиот Ајлан чие безживотно тело беше исфрлено на турскиот брег.
Истакнувајќи дека Турција нема одговорност на своите плеќи да го стави сиот товар од сириската криза, Давутоглу рече дека Турција покажала и покажува максимална преданост во правец на пружањето помош на загрозениот сириски народ.
Давутоглу се осврна и на вчерашната трагедија во која во потонувањето на чамец во Егејското Море кај Ајвалик, загинаа 36 бегалци.
"Виновник за вчерашните 36 безживотни тела кои стигнаа до нашиот брег се меѓународната заедница која повторно остана нема на таа трагедија, со Советот за безбедност на чело. На чело на виновниците е и Русија која со вето ја блокира секоја резолуција за сириската криза", кажа турскиот премиер Давутоглу.
Коментирајќи ја актуелната криза во југоисточниот дел на Турција, Давутоглу рече дека турските безбедносни сили ќе ги продолжат терористичките операции во Сир и другите региони во кои терористите на ПКК го нарушуваат јавниот ред и поредок.
Најави дека надлежните институции наскоро ќе ги истражат сите јавни расходи во тој регион, посебно во покраината Мардин во која над 60 отсто од расходите одат на плати за службениците, а просекот на Турција е малку над 11 отсто.