Merve Yıldızalp
07 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - На свечената церемонија во Анкара, главниот град на Турција, доделени се сертификатите на новинарите и фоторепортерите кои учествуваа во петтата пгограма на обуката за известување во воените услови и на успешните учесници на програмата "Нови генерации на новинарството" во организација на Anadolu Agency (AA).
Овие програми се организирани во рамките на Визијата на АА по повод 100 години од осовањето, а на церемонијата на доделување на сертификатите присуствуваа претседателот на Управниот одбор на АА и генералниот директор Шенол Казанџи, директорот на Полициската академија на Турција Јилмаз Чолак, заменик на генералниот директор и главен и одговорен уредник на АА Метин Мутаногу, кооринатор на Академијата за новинарство на АА Умит Сонмез како и многубројни гости.
Казанџи рече дека на петата програма на обуката за воено новинарство учествуваа 23 кандидати и 16 агенции, вработени од две полициски академии, како и пет странски агенции.
Програмата на военото новинарство траеше 12 дена, а обуката успешно ја завршиле 21 учесник на обуката.
Својот придонес во програмата даде и Управата за вонредни ситуации при Владата на Република Турција (AFAD) како и турските вооружени сили. Програмата нуди обука од областите на военото новинарство, тероризмот, бегалците и известување во непријателско опкружување како што се хемиските и биолошките напади.
Исто така, учесниците на програмата поминаа обука од доменот на лична безбедност, прва помош, самоодбрана, напредни техники на возење, техники на преживување и обуки за пловидба.
Казанџи додаде дека на обуката "Новите генерации на новинарството" која се организираше во Истанбул и Анкара, се пријавиле 900 лица, а од нив 116 се примени. Тој истакна дека на двете обуки се обработени 320 часови теорија и практична настава.
"Anadolu Agency гарантира дека во ракмите на своите можности ќе продолжи да ги збогатува овие програми" , рече Казанџи и им честиташе на сите учесници на обуките.
Чолак додаде дека се организираат различни лиценцирани програми на државно и меѓународно ниво. Посебни признанија на "Новите генерации на новинарството" во Анкара доби Мелике Кинаџи, која беше најуспешна. Втор беше Баки Озтурк, а трет Ѓоксун Унлу.
Во истиот програм кој се организираше во Истанбул најуспешен беше Ибрахим Догрујол, врора беше Назли Караман, а трет Хади Зириг.
Во рамките на програмата за воено новинарство најуспешен беше Али Имран Дурман, втора беше Весна Бешиќ, новинарка на АА Балканс, а трет беше Касим Сакали.