Zehra Nur Düz
23 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Денес во Анкара започна 17. Програма на Anadolu Agency (АА) за обука за воено новинарство, која е под надзор на Новинарската академија на Агенцијата.
Академијата ќе ги обучува дописниците во соработка со турската Полициска академија, Турските вооружени сили и Турската агенција за соработка и координација (TIKA).
Говорејќи на отворањето, раководителот на ТИКА за надворешни односи и партнерства, Угур Танјели, нагласи дека ТИКА придава голема важност на програмата за обука за воено новинарство.
„Особено за време на војната во Сирија, видовме дека една фотографија и слика можат да го променат светот“, изјави тој.
Директорот на Новинарската академија на Anadolu Agency, Џихангир Ишбилир, рече дека обемот и квалитетот на обуката ја прават уникатна во светот.
Истакнувајќи дека неодамна ги обновиле курсевите за обуката во согласност со неодамнешните промени во новинарството, Ишбилир додаде: „За време на обуката ќе се одржат предавања за терористичката организација ФЕТО“.
Дванаесетдневната програма има за цел да ги обучи новинарите од различни делови на светот за тоа како да ги обработат вестите и како да добијат информации под опасни околности.
Во оваа програма учествуваат околу 23 новинари од Авганистан, Етиопија, Грузија, Украина, Хрватска, Сирија, Колумбија, Мјанмар, Нигерија, Алжир, Палестина, Јордан, Филипини и Пакистан.
Обуката ќе се изведува на англиски јазик за теми како прва помош, природни непогоди, немири, огноотпорна опрема, експлозиви, мини, ноќни кампови, безбедност на возилата и напредни техники на возење.
Ќе предаваат универзитетски професори во своите струки, како и безбедносни експерти; ќе се користи вистинска муниција во текот на програмата, така што известувачите ќе учат преку автентични искуства.
На учесниците кои успешно ќе ја завршат обуката, ќе им бидат доделени меѓународно признати сертификати.