Barry Eitel
03 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Федералното истражно биро (ФБИ) развива програма за препозавање на тетоважи со цел да ја мапира криминалната поврзаност, ова е соопштено во вчерашниот извештај на дигиталната активистичка група Electronic Frontier Foundation (EFF), пренесува Anadolu Agency (AA).
Бирото, во 2014 година започна со работа на софтвер за идентификација на тетоважи, познат како Tattoo Recognition Technology Challenge или со кодното име Tatt-C.
„Во текот на летото, бирото сака да ја прошири програмата и се надева дека ќе состави 100.000 слики на тетоважи обезбедени од страна на спроведувачите на законот”, се вели во извештајот.
Бидејќи многу банди и криминални организации, вклучувајќи ја и руската мафија како и неколку бели расистички групи, ги користат тетоважите како знак, ФБИ се надева дека ќе создаде компјутерска база на податоци за идентификување и истражување на активностите на организираниот криминал.
Фондацијата Electronic Frontier е загрижена дека програмата е неуставна бидејќи тетоважите се повеќе од едни биометриски карактеристики на една индивидуа - тие се експресивен избор.
„Тетоважите се, исто така, еден говор и секој обид за нивно идентификување, профилско сортирање или поврзување на луѓето според нивното мастило го подига прашањето на Првиот Амандман”, се наведува во извештајот од страна на членовите на Фондацијата, Дејв Мас и Арон Маки.
Првиот Амандман од Уставот ја штити слободата на говорот, меѓу другите права.
Во развивањето на системот, ФБИ и Националниот Институт за Стандарди и технологија (NIST), создаде технологија со којашто може да се мапираат врските помеѓу слично тетовирани индивидуи со цел да се изведат лични информации, како што се политичката или религиозната идеологија.
Сите тие информации може да бидат дешифрирани, вели Фондацијата ЕФ, бидејќи тетоважите се „слободен говор што го носиме на нашата кожа”, се вели во извештајот.
Активистите се исто така лути бидејќи во текот на развивањето на програмата, тетоважите од затворениците се предавани на различни агенции за спроведување на законот и трети страни, без знаење на затвиорениците.
„Официјалните лица мора да ги прекинат сите понатамошни истражувања поврзани со технологијата за идентификациија на тетоважи сè додека тие не се доведат во согласност со Првиот Амандман, со одредени етички и прашања поврзани со приватноста кои ги откри Фондацијата”, велат во извештајот Дејв Мас и Арон Маки.