Tuğrul Çam
06 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Хилари Клинтон, ед од кандидатите на Демократската партија на претстојните претседателски избори во САД има големи главоболки поради користењето на приватна и-мејл адреса при електронска коресподенција во периодот кога била министерка за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Се дознава дека во рамки на федералната истрага, минатиот месец Хума Абедин, која е една од блиските соработнички во тимот на Клинтон, била испрашувана од одговорните во Федералното истражно биро (FBI).
Според информациите од американските медиуми, се дознава дека на петти април во Вашингтон, агенти на ФБИ, речиси два часа ја испитувале поранешната заменичка главен секретар на Клинтон, Хума Абедин. Информациите во врска со испитувањето не биле дадени.
Во електронската коресподенција на поранешната министерка за надворешни работи Клинтон, меѓу илјадници страници за кои била потребна судска одлука, се наоѓаат и електронски писма од комуникацијата со Абедин. Не е познато дали ФБИ освен Абедин испитувала и други членови од екипата или лица со кои комуницирала Клинтон.
ФБИ и Министерството за правда испитуваат дали Клинтон во периодот додека била министерка ги злоупотребила доверливите информации при користењето на својата приватна и-мејл адреса.
Во време кога се приближуваат изборите, испитувањето на Абедин од страна на ФБИ е квалификувано како значаен политички момент.
Во рамките на испитувањето беше изнесено дека предмет на испитување може да биде и Клинтон, за која се очекува да биде кандидатка за претседател од страна на Демократската партија на престојните претседателски избори.