Betül Yürük
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Високиот комесаријат на ОН за бегалци (UNHCR), нападот на авионот на сирискиот режим на Башар ал Асад врз шаторската населба во Идилб го нарече варварски, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на УНЦХР, Лео Добс, за АА изјави дека не се во состојба да ги потврдат сите детали околу овој напад, од причина што не се во состојба да пристапат кон овој регион.
„Како и сите други и ние сме ужаснати со овој варварски напад. Ова е катастрофа", изјави Добс.
Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Тарих Јашаревиќ, укажа на сè почестите напади на здравствените установи и додаде дека во последните две недели изведени се пет напади на болници во кои загинаа трojца доктори и три медицински сестри.
Во воздушните напади на силите на Асад врз шаторската населба во Идилб загинаа 27 лица меѓу кои имаше жени и деца.