Umur Koçak Semiz
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
СЕУЛ (АА) - Во Северна Кореја, за прв пат по изминати 36 години, започна Конгресот на владејачката Работничка партија, пренесува Anadoly Agency (AA).
Младиот државен лидер, Ким Јонг-ун, на 25-ти април, присуствуваше на свеченоста по повод 7-от Конгрес на Работничката партија.
Булеварите и улиците во главниот град, Пјонгјанг, беа украсени со цвеќиња и знамиња во знак на почнувањето на Конгресот. Палатата на културата, за време на организираната свеченост на 25-ти април, беше исто така украсена со цвеќиња и знаменца на Работничката партија. Илјадници северно-корејанци се насобраа на Ким Ли-Сунг плоштадот, во чест на обележувањето.
Официјаните вести на новинската агенција "KCNA", беа исполнети со пофалби до Ким (претседателот) за неговите залагања за заштита од заканите на САД, преку настојувањето за развој на нуклеарно оружје.
„На свеченоста покрај историскиот датум на Конгресот, ќе се слави и во чест на постигнатиот нуклеарен успех на Северна Кореја, но и на успехот на полето на астрономијата, благодарение на напорите на Ким”, беше кажано, меѓу другото, во вестите.
За време на Конгресот, во очекување ќе биде пензионирањето на 88-годишниот Ким Јонг Нам, кој е најстариот член на управувачкиот одбор на Работничката партија.
Од друга страна, повеќе од 100-тината странски новинари во Пјонгјанг беа приморани да заминат со автобуси од Палатата на културата, откако не им беше дозволен влез на настанот.
Во меѓувреме, во текот на 70-те дена пред Конгресот, од јавноста беше организирана кампања за донација под името „Доверба”. Подготовките за Конгресот биле започнати месеци наназад, преку бојадисување на јавните ѕидови и реконструкција на патиштата.
Шестиот по ред Конгрес на Работничката партија беше организиран во 1980 година за време на владеењето на дедото на Ким, и основоположник на Северна Кореја, Ким Ли-Сунг. На тогашниот Конгрес, Ли-Сунг го назначи Ким Јонг-ил, својот син за негов наследник. Во 1994 година, по смртта на Ким Ли-Сунг, Северна Кореја го прогласи истиот за „бессмртен лидер” на државата.