Ekip
29 Јануари 2016•Ажурирај: 30 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Северна Кореја, која тврди дека на почетокот на месецот тестирала хидрогенска бомба, би можела да се подготвува за тестирање на ракети, јавува Anadolu Agency (АА).
Американски претставник, кој не сакаше да го открие идентитетот во интервју за "Associated Press" (AP) кажа дека на сателитски фотографии од полето за тестирање на балистички ракети забележани се одредени активности, поради што постои сомневање дека Северна Кореја се подготвува за тестирање на ракети.
Веб-страницата "38 North", која ја следи ситуацијата во Северна Кореја, по добиените сателитски снимки на почетокот на оваа недела, објави дека се забележани одредени активности во главната област за тестирање на балистички ракети.
По тврдењето на Северна Кореја дека на 6-ти јануари извршила испитувања на хидрогенска бомба, Јужна Кореја на границата со таа земја започна пропаганда против Пјонгјанг. Северна Кореја тогаш одговори со испраќање на балони со летоци кои содржеа пропаганда против Сеул.
Северна Кореја и во минатото, посебно во 2006, 2009 и 2013 година, во јужниот дел на земјата, изврши подземна нуклеарна проба. Тестирањето во 2013 година предизвика остри реакции на меѓународната заедница.