?????
10 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
СЕУЛ (АА) - Претседателот на Северна Кореја Ким Јонг-ун, тврди дека последното тестирање на хидрогенската бомба е легитимен потег на официјален Пјонгјанг, како дел од зајакнувањето на капацитетот за одбрана во случај на нуклеарна војна, јавува Anadolu Agency (АА).
Kинеската новинска агенција објави дека лидерот на Северна Кореја изјавил дека тестирањето е само еден чекор во развојот на самоодбрана на Северна Кореја и дека тој има "суверено право" на тоа, без да се критикува на глобално ниво.
"Тестирањето е историска пресвртница во воспоставувањето на револуционерната доверба во Северна Кореја", вели Ким.
Севернокорејскиот лидер Ким ги обвини САД за инсталирање на нуклеарно оружје на Корејскиот Полуостров, пo што официјален Вашингтон ја негираше информацијата.
Американските власти изјавија дека не инсталирале нуклеарно оружје на тлото на Јужна Кореја, но дека по тестирањето на хидрогенската бомба, заедно со властите од Сеул размислуваат за поставување на стратешко наоружување на тоа подрачје.
Американските медиуми наведуваат дека во пакетот стратешко оружје може да се најдат бомбардери со носачи на нуклеарки B-2 и B52, како и подморници со слични носачи.