Tevfik Durul
07 Февруари 2016•Ажурирај: 08 Февруари 2016
ШАНГАЈ (АА) - Властите на Северна Кореја соопштија дека се во орбитата лансирале проектил со сателит, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателката на Јужна Кореја Парк Геун-Hye го оцени случаот како "провокативен и неприфатлив", додека пак премиерот на Јапонија Шинзо Абе изјави дека Јапонија ќе ги преземе сите мерки за да ги заштити своите граѓани.
„Разочарани сме од фактот што Северна Кореја изврши лансирање на проектил со голем дострел во орбитата, без да се осврне на критиките на меѓународната заедница”, изјавија од кинеското министерство за надворешни работи.
Стратегиската команда на американските вооружени сили (СТРАТКОМ) денеска изјави дека нивните системи за противракетна одбрана го пресретнале и проследиле истрелувањето на севернокорејската ракета во вселената, пренесоа британските медиуми.
Американските власти ја пресретнаа севернокорејската ракета, но не сметаат дека таа е закана за САД и нејзините сојузници, изјавија американски претставници од одбранбениот сектор.
„Можеме да потврдиме дека го пресретнавме севернокорејското истрелување на ракетата а првичните индикации не покажуваат дека има закана за САД или нашите сојузници. Ја следиме ситуацијата и наскоро ќе располагаме со повеќе нови информации“, изјави еден од претставниците
САД, Јапонија и Јужна Кореја за денеска побараа вонредно заседание на Советот за безбедност на ОН, на кое ќе се разгледа истрелувањето на ракетата од страна на Северна Кореја.
Дипломати од Советот за безбедност при ОН, кои побарале анонимност, за британските медиуми изјавија дека заседанието веројатно ќе се одржи во 16 часот по Гринич, во седиштето на ОН.
Сателитот „Кванмонсон - 4“ ја обиколува Земјата на секои 94 минути а Северна Кореја и во иднина ќе продолжи да лансира сателити, кажа портпаролот на севернокорејската државна телевизија читајќи го официјалното соопштение.
Истреланата ракета, се чини, во вселената лансирала објект, пренесе јужнокореската агенција „Јонхап”, повикувајќи се на јужнокорејски воен претставник. Министерството за одбрана во Сеул засега не може да ја потврди информацијата, но ја следи траекторијата на ракетата за да оцени дали лансирањеро било успешно.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го осуди лансирањето и го повика Пјонгјанг да прекине со „провокациите“ и да ги почитува своите обврски кон меѓународната заедница, пренесе ТАСС.