İhvan Radoykov
07 Февруари 2016•Ажурирај: 08 Февруари 2016
СОФИЈА (АА) - Две жени бегалки од Авганистан, починале од студ на планината Странџа во пограничното бугарско место Малко Трново, јавува Anadolu Agency (AA).
Бугарката министерка за внатрешни работи, Румјана Бичварова соопшти дека полицијата пронајде група од 19 илегални имигранти на планината Странџа.
Во соопштението се вели дека меѓу имигрантите имало поголем број на деца и дека сите биле видно исцрпени и измрзнати од ниските температури.
Двете жени починале, а на остатокот од групата ѝ беше укажана медицинска помош.
Од страна на полицијата, исто така, беше потврдено дека станува збор за мигранти кои илегално влегле во Бугарија.
Надлежните институции во Бугарија започнаа истрага за случајот.