?????
10 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
ТОКИО (АА) - Јапонија најави воведување на нови санкции кон Северна Кореја во знак на протест поради тест-лансирањето на балистичкиот проектил од подморница, јавува Anadolu Agency (AA).
Воведувањето на нови санкции го најави Јошихиде Суга, секретарот на Кабинетот на јапонската влада на конференцијата за новинари, на која рече дека санкциите подоцна ќе ги одобри Кабинетот на Владата и дека ќе бара законодавни промени во Парламентот.
Да потсетиме, властите на Северна Кореја овој месец соопштија дека во орбитата лансирале проектил со долг дострел со сателит. Исто така, севернокорејските власти на 6-ти јануари изведоа тестирање на разорна хидрогенска бомба и најавија лансирање на проектил со долг домет со сателит за надгледување на орбитата.
Меѓународната заедница смета дека Пјонгјанг има намера тестирање на нова генерација балистички проектили.