?????
10 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус (69), најави дека ја напушта таа функција со цел да биде именуван за челник на Уставниот совет, највисоката судска истанца, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој на чело на Министерството за надворешни работи се наоѓа од 2012 година. Сè уште не е познато кој ќе го наследи на таа функција, а одлуката за тоа се очекува во следните денови.
Фабиус за телевизијата "iTele" рече дека „жали што светот не ја следеше француската позиција во врска со Сирија”.
Париз бараше воена интервенција со САД против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во текот на летото, минатата година.
Фабиус, исто така, ја нагласуваше „тешката позиција” на Франција во преговорите за нуклеарната програма со Иран.