Hatice Vildan Topaloğlu
06 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
КИЕВ (АА) - Вчера започна одбележувањето на 72-годишнината од присилната депортација на кримските Татари за време на Советскиот Сојуз, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за информативна политика на Украина и Кримско-татарскиот Меџлис (Собрание - татарско законодавно и извршно тело) ја започнаа кампањата под името „18 Мај, ние сите сме кримски Татари” во главниот град Киев.
Планирани се настани од различен карактер како дел од кампањата во текот на целата недела во неколку градови низ Украина, вклучувајќи го и Киев.
Русија го анектираше Кримскиот Полуостров во март 2014 година. Оттогаш, татарското малцинство се жалеше поради репересијата, која вклучи апсења и притворања без основа.
Собранието на кримските Татари, познато и како Меџлис, беше забрането од страна на кримскиот Врховен суд во април како „екстремистичка организација” како резултат на барањето на Обвинителството во фебруари.
Украинското министерство за надворешни работи како и турското министерство за надворшнои работи го оценија потегот како случај на „нарушување на човековите права” и дел од континуираната кампања на „заплашување и угнетување”.
Во мај 1944 година започна депортацијата на десетици илјади кримски Татари во Централна Азија од страна на советската влада на Сталин, која ги обвини за соработка со окупаторските нацистички сили.
Беа депортирани околу 180.000 луѓе во различни региони во рамките на територијата на Советскиот Сојуз, посебно во Сибир и Узбекистан. Скоро половина од депортираните, кои искусуваа долги месеци живот во сурови услови, се претпоставува дека починале од глад и болести.
Овој 30-годишен прогон продолжи сè до 1987 година кога тогашната советска влада дозволи 2.300 кримски Татари да се вратат во своите домови. Други 19.300 лица се вратија во родното огниште во 1988 година.