Admir Fazlagic
06 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
СКОПЈЕ (АА) - Православните верници денес го одбележуваат Велики Петок, со што започнува одбележувањето на велигденските празници, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој ден, православните христијани го празнуваат со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евангелијата.
Вечерва се одржа свечена литургија по повод празникот Велики Петок во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а со литургијата богослужеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, каде присуствуваа бројни православни христијани.
На Велики Петок, според христијанското верување, Исус Христос бил распнат на крстот и токму поради тоа овој ден се смета за најтешкиот ден во христијанскиот календар.
Граѓаните, Велики Петок и Велигден претежно ги слават во кругот на своите семејства, подготвувајќи традиционални јадења и одејќи в црква.