Ivana Ramadanova
27 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Денес католиците ширум светот го слават најголемиот празник според христијанското верување, Воскресение Христово (Велигден), јавува Anadolu Agency (AA).
Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше одржана велигденска литургија.
На литургијата присуствуваа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев.
Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов по тој повод до католичките верници упати велигденска честитка.
Понеделник 28-ми март, вториот ден од католичкиот Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.