Figen Shaban
06 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
ПРИШТИНА (АА) - Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија,Марко Ѓуриќ, денеска и утре ќе престојува во северниот дел на Косова, каде што ќе учествува на полноќната литургија по повод Велигден, празникот на православните христијани, јавува Anadolu Agency (АА).
Советникот на министерот за надворешни работи на Косово, Јетлир Зиберај, за Anadolu Agency (AA) потврди дека Ѓуриќ доставил барање и му било дозволено да го посети Косово.
Според Зиберај, без разлика на фактот што е официално лице, и Ѓуриќ, како и секој друг, има право да се моли во било која црква во која посакува.
„Да, прифатено е барањето, во духот на мирот и разбирањето, по повод празникот на православните христијани, Велигден. Правилата ќе ги почитува, бидејќи се соочил и запознаен е со новата реалност во Косово и преку него, со оваа реалност се запозна секое официјално лице на Србија”, рече Зиберај.
Потсетуваме, на 26 март, Марко Ѓуриќ влезе во Косово за да учествува на дебата за дијалогот во Косово, и покрај фактот што Министерството за надворешни работи на Косово не му даде дозвола за влез. Потоа, Косовската полиција го уапси Ѓуриќ во Северна Митровица, испраќајќи го во полициска станица во Приштина. Потоа, полицијата, врз основа на одбивањето за влез во земјата, го отстрани Ѓуриќ од територијата на Република Косово.