Dzihat Aliju
06 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, упати честитки по повод 98. годишнина од основањето на Anadolu Agency (AA).
Амбасадорката Кара наведува дека, почнувајќи од периодот на Турската војна за независност до денес, оваа новинска агенција е водечка институција на медиумската сцена со нејзиниот пристап за веродостојно и принципиелно новинарство.
„Посакувам успех во работата на АА, која ја врши како една од водечките новински агенции во светот, така како што ѝ доликува на нашата земја”, рече амбасадорката Кара во нејзината честитка.
Anadolu Agency (AA) е основана на 6 април 1920 година, 17 дена пред формирањето на Големото национално собрание на Република Турција (TBMM).