Ekip
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Британски 25-годишен сноубордер загина на француските Алпи, јавува Anadolu Agency (AA).
Смртниот исход следуваше по падот на глава. Локалните планински водичи во саботата објавија дека двајца сведоци им дојавија на спасувачите дека еден сноубордер се наоѓа вон патеката во близина на одморалиштето во Мерибел.
Службеникот, кој се наоѓал со водичот, изјави дека човекот бил очигледно заробен во снегот најмалку половина час пред да биде виден.
Беше соопштено дека човекот имал срцев удар кога пристигнал спасувачкиот тим. Жртвата, сезонски работник во одморалиштето Мерибел, очигледно бил сам кога паднал. Истрагата е во тек.
Само оваа година, на француските Алпи, во лавини или во скијачки несреќи загинаа 15 лица.