Ivana Ramadanova
06 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
"Рамазан е најсветлиот месец во исламот, месец на пост, молитва, солидарност и милост. Деновите на постот се можност да се покаже великодушноста и да им се помогне на сиромавите, со надеж за милост, бериќет и проштевање на гревовите пред портите на рајот. Во месецот кој го слави духовното и телесното прочистување, посакувам сите верници од исламска вероисповед преку својата вера, посветеност и молитва да се присетат на благословите на големиот светец и да ги споделат со семејството и блиските", се вели во честитката на Иванов.
Иванов се надева, дека дека преку искушенијата на постот, верниците од исламска вероисповед ќе се поведат по највозвишените вредности - трпеливоста, воздржаноста, дисциплината и мудроста.
"Во духот на празникот Ви посакувам лесни Рамазански пости. На сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакувам мир, благосостојба, љубов и проштевање", вели претседателот Иванов во честитката по повод почетокот на рамазанските пости.