Ivana Ramadanova
11 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани и денеска излегоа да демонстрираат низ улиците во Скопје. Главен фокус на денешниот протест беше аболицијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако демонстарнтите се насобраа пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, се упатија кон претседателската резиденција на Водно со парола, додека низ улиците ечеше "Нема правда, нема мир". Силно полициско обезбедување ја пречека толпата народ недалеку од резиденцијата на претседателот.
Од таму граѓаните едногласно му порачаа на претседателот да ја повлече аболицијата и да си поднесе оставка, а веднаш потоа врз импровизираниот споменик во форма на портрет на Иванов беше фрлано со боја, а беа запалени и неколку фотографии со Иванов и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
Денешниот протест и денеска помина мирно и без никакви инциденти. Протести денеска имаше и во уште 21 град низ Македонија. Граѓаните обединети под движењето Протестирам остануваат на своите барања, а тоа се повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, како и повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни.