Ivana Ramadanova
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани организирани од страна на десетици невладини организации, и вечерва излегоа да го изразат својот преволт против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на сите политичари против кои се водат истраги во моментов, јавува Anadolu Agency (AA).
14-ти ден од "Шарената револуција" стандардно започна пред просториите на Специјалното јавно обвинителство. Неколкуте илјадници демонстранти продолжија пред Зградата на законодавниот дом каде извикувајки "Нема правда, нема мир".
Од таму се упатија преку Министерството за надворешни работи завршувајќи пред Владата, каде имаше поставено две платна на кои беа нацртани ликовите на претседателот Иванов и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Демонстрантите во знакот на Шарената револуција фрлаа балони со боја по платната извикувајќи "Оставка" и "Готово е". Протестите завршија мирно без никакви инциденти.
Во исто време, демонстрантите бараат одложување на изборите закажани за 5 јуни, бидејќи според нив нема време до тој датум за да се создадат услови за одржување на слободни и демократски избори.
Денеска Шарената револуција со протести беше присутна и во останатите градови низ Македонија.