Besar Ademi
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани на Скопје собрани под слоганот "Нема правда, нема мир" и вечерва излегоа на улиците за да го изразат својот револт против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичарите. Тие велат дека Уставниот суд со одлуката за престанување на изборните активности покажа знаци на живот, но тоа не е доволно, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите на т.н. "Шарена револуција" како и другите денови и вечерва започнаа пред зградата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО),во знак на подрршка на работата на оваа институција, после што се упатија кон Министерството за правда, за да потоа продолжат кон Собранието на Република Македонија, каде што говорниците истакнаа дека и по одлуката на Уставниот суд, протестите нема да престанат бидејќи не се исполнети сите нивни баарња .
„Остануваме на улиците додека во оваа држава, нема правда и нема мир",порачаа говорниците пред Собранието на Република Македонија, според кои враќањето во Владата на министерот за внатрешни работи, Митко Чавков и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, е само еден чекор назад за земјата.
Вечерашната мета на "Шарената револуција" на демонстрантите беше зградата на Собранието на која тие фрлаа боја, додека зградата беше обезбедувана од страна на безбендпсните сили. На вечерашниот протест кој заврши мирно му се приклучија и пратениците од опозициската СДСМ.