Ivana Ramadanova
04 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани и денеска се собраа пред зградата на Специјалното јавно обвинителство за да му дадат поддршка, а воедно и да ја продолжат својата како што ја нарекуваат Шарена револуција, јавува Anadolu Agency (AA).
Со свирчиња, знамиња извикувајќи "Нема правда, нема мир" граѓаните организирани од граѓанската и денес продолжија со своите протести кои пред повеќе од три недели беа поттикнати од одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичарите.
Топлата демонстранти преку Министерството за правда низ главната улица во центарот на градот се упати до Законодавниот дом, а потоа продолжи до зградата во која е сместена Државната изборна комисија. Балоните во шарени бои вечерва беа насочени токму кон зградата на ДИК, бидејки како што порачаа дека нема услови за избори на 5.јуни и за тоа дека мора да се стави крај на изборните манипулации.
Демонстрантите со спреј ја испишаа и улицата пред ДИК ставајќи го својот потпис „Шарам, демократија барам“. На полицајците кои ја обезбедуваа зградата им беа понудени кабаници со цел да се заштитат од балоните со боја, но тие ги одбија.
Бaрањата на демонстрантите остануваат исти, повлекување на аболицијата и неотповиклива оставка од претседателот Иванов, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, одложување на парламентарните избори закажани за 5 јуни, формирање на преодна влада која ќе обезбеди услови за фер и демократски избори и вклучување на независни претставници на граѓанското општество во решавањето на кризата во државата.
Вечерва Шарената револуција освен во Скопје, протестираше и во Прилеп, Куманово, Тетово, Штип, Гевгелија, Струмица и Велес. Вечерва низ повеќе градови низ државата контрапротест имаше и ГДОМ.