Admir Fazlagic
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани денеска протестира против како што рекоа полициската бруталност и неправдата, потсетувајќи на убиството на Мартин Нешковски од Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓанскиот протест започна пред Специјалното јавно обвинителство, по што, демонстрантите се упатија кон зградата на Собранието на Република Македонија, каде ги пуштаа наводните прислушкувани разговори кои од минатата година започна да ги објавува опозицијата во рамките на проектот "Вистина за Македонија", при што на денешен датум, пред една година, беше пуштен наводниот разговор помеѓу високи функционери од власта во кои можеше да се слушне за обид за прикривање на убиството на скопјанецот Мартин Нешковски.
„Правда за Мартин", „Нема правда нема мир", „Убијци, убијци",извикуваа демонстрантите при слушање на разговорите.
Во знак на Шарената револуција, а по повод сеќавањето на убиството на младиот Нешковски, демонстрантите на поголемиот дел од скопскиот плоштад испишаа графити со црвена боја со пораките „Убивте дете", „Правда за Мартин"...
Протестот заврши мирно и во присуство на голем број припадници на безбедносните сили.
На 05.06.2011 година беше убиено 21- годишно момче Мартин Нешковски од Скопје, на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по повод победата на парламентарните избори. Нешковски беше претепан од полицаецот Игор Спасов кој го обезбедувал настанот. Нешковски почина на лице место. Покасно е утврдено дека полицаецот беше припадник на специјалните единици и во кривична постапка е осуден на 14 години затвор.